Бразил го отпушти селекторот поради лошите резултати

Бразил го отпушти селекторот поради лошите резултати

пред 11 месеци

Фудбалската федерација на Бразил одлучи да му врачи отказ на селекторот Фернандо Диниз.

Бразил е во криза, репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа пет порази, а победи на само три од нив.

Три порази беа во квалификациите за Светското првенство, од Уругвај, Колумбија и Аргентина.

Селекторската функција ја напушта како трет најнеуспешен, кој ја водел репрезентацијата на повеќе од пет натпревари. Емерсон Леао (2001) и Чико Нето (1923) беа полоши од него.

Во исто време Диниз беше тренер на Флуминенсе.

Ќе остане запишано дека со него на клупата Бразил доживеа квалификациски пораз на домашен терен по 37 натпревари.

Исто така, тој го има најлошиот скор во историјата на квалификациите за Светското првенство по шест кола.

Според лоокалните медиуми, првиот човек на бразилската фудбалска федерација Едналдо Родригез телефонски му меѓу редови му соопштил на Диниз дека ќе добие отказ.

Share
Scroll to Top