Браун во Панатинаикос

Браун во Панатинаикос

пред 5 месеци

Американецот со шпански пасош, Лоренцо Браун од наредната сезона ќе го носи дресот на освојувачот на Евролигата, Панатинаикос.

По Филаделфија, Феникс и Торонто, Лоренцо Браун дојде во Европа и играше во Црвена звезда, Фенер, Уникс и Макаби. Изминатата сезона во четвртфиналето, во пет натпревари токму Панатинаикос го елиминира Макаби.

Како што можете да видите на приложеното видео, Лоренцо Браун е снимен во Атина во опрема на Панатинаикос, па наскоро се очекува трансферто да биде официјализиран.

Share
Scroll to Top