Брајтон ги искуба „петлите“ на Мурињо

Брајтон ги искуба „петлите“ на Мурињо

пред 3 години

Неочекуван резултат вечерва на стадионот во Брајтон. Екипата која се бори за опстанок ги собра сите три бода од дуелот со Тотенхем предводен од Жозе Мурињо.

Брајтон со минимални 1-0 славеше против Спарси и дополнително си ги зголеми шансите за опстанок во елитното друштво.

Единствениот погодок беше дело на домашниот напаѓач Трошард уште во 17 минута.

Освен поседот на топката кој беше на страната на фаворитот, сите други елементи од фудбалската игра им беа наклонети на домашните фудбалери.

Брајтон се вечерашниве 3 бода стигна до 21 поен, +7 од екипата под нив која е во загрозена зона.

Тотенхем, пак, кој на овој меч беше без Хари Кејн (повреда) има 33 бода, доволни за 6. место во Премиерлигата.

Share
Scroll to Top