Бредли Баркола пристигна на „Енфилд“

Бредли Баркола пристигна на „Енфилд“

пред 7 часа

Фудбалскиот клуб Ливерпул го потврди еден од најскапите трансфери ова лето, на „Енфилд“ пристигна, Бредли Баркола.

Како што е познато, преговорите траеја долго, Ливерпул конечно одлучи да плати околу 145.000.000 евра, со вклучени бонуси. Наводно, фиксниот дел изнесува 125.000.000 евра, а остатокот преку бонуси.

Баркола пристигнува по три сезони поминати во Пари Сен Жермен во кои ги освои сите можни трофеи, одигра 152 натпревари со учинок од 39 гола и 37 асистенции.

Може да ги покрива двете крилни позиции, иако со Луис Енрике најмногу играше како лево крило, што се очекува да игра најчесто и кај Андони Ираола. Рио Енгумоа останува негова алтернатива, додека се чека уште едно десно крило покрај Виктор Муњоз.

„Ми требаше долго време за да го реализирам трансферот, но навистина сум среќен што дојдов да играм за Ливерпул. Се надевам дека ќе постигнам големи работи. Освојувањето на Премиер лигата е еден од моите најголеми соништа. Кога дознав за интересот на Ливерпул, не сакав да слушам ништо друго“, рече Баркола.

Баркола е најголемото засилување на Ливерпул ова лето, по пристигнувањето на Роналд Араухо, Виктор Муњоз и Жереми Жаке.

Foto/ liverpoolfc.com

Share
Scroll to Top