Бреретон Дијаз се врати во Англија

Бреретон Дијаз се врати во Англија

пред 9 месеци

Фудбалерот на Виљареал, Бен Бреретон Дијаз пролетниот дел од сезоната ќе го помине во Шефилд Јунајтед. Клубовите во петокот ја официјализираа неговата позајмица.

Бреретон Дијаз ќе настапува за Шефилд до крајот на актуелната сезона, а во договорот за позајмица не е вклучена откупна клаузула.

Чилеанецот, минатото лето како слободен играч се пресели во Виљареал, претходно блескаше во дресот на Блекбурн во Чемпионшип дивизијата, одигра 177 натпревари за постигна 47 гола и забележа 16 асистенции.

Престојот во Шпанија не одеше според планот на чилеанскиот репрезентативец – стартуваше само на два меча во шпанското првенство. Вкупно, тој забележа 20 настапи за „жолтата подморница“, но не успеа да постигне гол.

Бреретон Дијаз, треба да биде големо засилување за тимот кој грчевито се бори за опстанок во Премиер лигата. Шефилд јунајтед во првиот дел од сезоната освои само девет поени.

Share
Scroll to Top