Брестовац „тренерскиот леб“ ќе го заработува во Саудиска Арабија

Брестовац „тренерскиот леб“ ќе го заработува во Саудиска Арабија

пред 3 години

Поранешниот ракометен селектор на Македонија, Данило Брестовац (46) има нов тренерски ангажман. Екс-голманот се сели во Саудиска Арабија и го презема кормилото на екипата на Ал Мудхар, во најсилната тамошна лига.

Последното тренерско искуство на Брестовац беше на селекторската функција во македонската репрезентација, а последниот предизвик Мундијалот во Египет на почетокот на годинава.

Во кариерата Брестовац бил тренер на скопски Металург и на Диферданж од Луксембург, а му беше асистент на Ивица Обрван во францускиот прволигаш Шамбери

Share
Scroll to Top