Брилијантниот Мартин ја искористи катастрофата на Акоста, победи во спринот на Ред Бул Ринг

Брилијантниот Мартин ја искористи катастрофата на Акоста, победи во спринот на Ред Бул Ринг

пред 3 часа

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, е победник на спринт трката во Австрија на Ред Бул Ринг. Само неколку круга пред крајот, Педро Акоста со својот КТМ излета од патеката, од првото место.

Марк Маркез го освои второто место, а Марко Бецеки го освои третото место.

Педро Акоста со КТМ излезе како победник во хаотична битка на почетокот од спринтот, и се проби до првото место. Се чинеше дека никој нема да може да му ја загрози победата.

На крајот, Акоста уништи сè, падна на три круга до крајот, кога имаше комотна предност во однос на Мартин.

Мартин успеа да победи од осмата позиција што ја зазеде во првиот круг и сега повторно е лидер во шампионатот.

Мартин возеше брилијантно. Стартуваше од пол позицијата, но по контактот со Маркез, ги напушти границите на патеката и се врати на осмото место.

Од тој момрнт започна да ги лови ривалите, а особено беше импресивен начинот на кој ги престигна Бецеки и Маркез.

На крајот и среќата му се насмевна кога Акоста ја заврши трката.

Аи Огура беше четврти по борбата со Алекс Маркез, кој го заврши спринтот на петтото место.Франческо Бањаја ја освои шестата позиција, пред Жоан Зарко, Фермин Алдегер и Бред Биндер. Десетти беше Фабио ди Џанантонио.

Трката за Големата награда на Австрија се вози во недела со почеток во 14 часот.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top