Јанис Адетокумбо, Зек Лавин, Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг и Леброн Џејмс индивидуално ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Леброн Џејмс, погоди тројка во финишот на мечот, со кои на Лејекрси им овозможи во продолжението да победата кај Оклахома 114:113. Мечот, во продолжението го реши со тројка Весли Метјуз. Леброн мечот го заврши со 25 поени.
Зек Лавин блескаше во триумфот на Чикаго над Њу Орлеанс 129:116. Лавин постигна 46 поени (тројки 9/14), а неговиот соиграч Коби Вајт забележа 30 поени (осум тројки). Левин и вајт влегоа во историјата на НБА лигата, тие се први соиграчи кои постигнале најмалку по осум тројки на еден натпревар. Кај Њу Орлеанс се истакна Зајон Вилијамсон со 29 поени.
Далас, минимално ја победија Атланта 118:117. Лука Дончиќ го предводееше тимот со трипл-дабл (28 поени, 10 скока, 10 асистенции).
Бруклин благодарение на Кајри Ирвинг, ја прекинаа низата од три порази. Ирвинг постигна 35 поени во победата на Бруклин на Индијана 104:94.
Најинтересниот натпревар го одиграа Финикс и Милвоки. Финикс славеа со 125:124 и ја прекинаа низата од пет победи на Милвоки. Адетокумбо блескаше кај Милвоки со 47 поени и 11 скокови. Гркот сепак немаше одговор за Девин Букер (30 поени) и Крис Пол (28 поени).