Будуќност: Николиќ е пуштен од болница, испитувањата ќе се вршат во странство

Будуќност: Николиќ е пуштен од болница, испитувањата ќе се вршат во странство

пред 3 години

Кошаркарскиот клуб Будуќност се јави со соопштение по вестите дека нивниот кошаркар, 28-годишниот црногорски репрезентативец Данило Николиќ колабирал на терен и лекарите се борат за неговиот живот.

„На нашиот кошаркар Данило Николиќ му се слоши за време на вчерашниот тренинг. По брзата помош на терен, тој е префрлен во болница, од која е пуште денеска, и следните испитувања ќе се извршат во странство. Клубот е зад Данило и му пружа целосна поддршка. Ги молиме навивачите и јавноста да ја почитуваат приватноста на нашиот кошаркар и неговото семејство. Дачо, ти посакуваме брзо опоравување и враќање на терен“, напишаа од клубот.

Со пораки

Share
Scroll to Top