Бузалковски се враќа со двоен подиум од легендарната патека „Брно“ во Чешка

Бузалковски се враќа со двоен подиум од легендарната патека „Брно“ во Чешка

пред 1 ден

Минатиот викенд се одржаа петтата и шестата рунда од ФИМ Европскиот шампионат на легендарната патека Брно во Чешка од таму Христијан Бузалковски се врти со двоен подиум на Европскиот Шампионат во класата Суперсток 1000.

Моментално Бузалковски е на втората позиција во генералниот пласман со освојување на второ и трето место во главните трки и едно трето место во “Sprint” трката. До крајот на сезаната остануваат уште 4 трки и една спринт трка , Христијан е се’ уште во борба за титулата заостанува само 20 бода позади водечкиот во шампионатот.

Бузалковски: „Ова можеби беше еден од најдобрите тркачки викенди за мене и за мојот тим! Уште од првиот слободен тренинг бевме компетитивни , најдовме идеален сетап и знаевме во која насока движиме! Иако се уште имаме минимални проблеми сo предниот дел на моторот сепак успеавме да извозиме две одлични главни трки, една спринт трка и да го оствариме подиумот три пати! Огромна благодарност до мојот тим за целокупната работа целиот викенд , моите спонзори и поддржувачи!”

Share
Scroll to Top