Бунт во соблекувалната на Шведска по шокантниот пораз од Косово

Бунт во соблекувалната на Шведска по шокантниот пораз од Косово

пред 9 часа

Репрезентацијата на Шведска, и покрај составот полн со ѕвезди, доживеа уште еден понижувачки пораз во во квалификациите за пласман на Светското првенство. Синоќа загубија од Косово во Гетеборг (0:1), а по поразот наводно кулминирале фрустрациите во соблекувалната.

Скандинавците се заглавени на дното од нивната квалификациска група за Светското првенство со само еден бод по четири одиграни натпревари, пишува „Дејли Меил“.

Иако можат да се пофалат со напаѓачко дуо вредно речиси 200 милиони евра, составено од Александар Исак и Виктор Ѓекереш, Швеѓаните постигнаа само два гола во целата кампања, а примија загрижувачки седум.

Нивната напаѓачка линија, составена исклучиво од играчи од Премиер лигата, повторно беше неефикасна во понеделникот вечерта, кога беа поразени дома од аутсајдерот Косово.

Голот на Фисник Аслани во првото полувреме беше доволен за победа на гостите, кои на тој начин ја комплетираа двојната победа над Шведска (првиот натпревар заврши 2:0) и сега се на второто место во групата.

Очекувано, тензиите ескалираа во шведскиот табор по катастрофалниот пораз.. Според шведските медиуми, крилниот напаѓач Ентони Еланга не можел да ги скрие своите фрустрации додека го напуштал теренот.

Селекторот Јон Дал Томасон е под зголемен притисок, пишува локалниот „СпортБладет“, и се верува дека голем број ѕвезди ја изгубиле довербата во 49-годишникот.

„Проклетиот систем мора да си оди“, наводно извикал тој за „Радиоспортен“. Подоцна, во разговор со новинарите, тој додал: „Работевме на системот, на тоа како ќе играме. Потоа можеби изгледа малку поинаку кога сте на теренот. Ние сме исто така тие на теренот и мора да преземеме одговорност“.

Дополнителна конфузија внесе необичниот метод што го користеше тренерот пред натпреварот со Косово, наводно во обид да спречи протекување на информации во медиумите. Томасон одлучи да ги открие почетните единаесет само еден час пред почетокот на натпреварот.

По натпреварот, селекторот Томасон ги критикуваше своите напаѓачи, Александар Исак и Виктор Ѓекереш, тврдејќи дека неговиот тим „заборавил“ како да постигне гол. Исак пропушти три големи шанси, вклучувајќи една во судиското продолжение.

Кога беше прашан за можна оставка, Томасон одговори: „Имам договор со Шведската федерација и сме во средината на квалификациите. Секако, ова не е доволно добро и ова е ужасен резултат. Навистина боли, заборавивме како да постигнуваме голови и не знам зошто.“

Шведска ги има последните два квалификациски натпревари против Швајцарија и Словениј. Овие натпревари ќе се одиграат во ноември.

Фото/ Принтскрин

Share
Scroll to Top