Барселона е темата со која се занимава јавноста и медиумите во Шпанија. Под лупа е се она што се случува во клубот, меѓу играчите, тренерот, на теренот…
Синоќа, Барселона, одигра уште еден блед натпревар, далеку од реномето на клубот. Против Кадиз, играчите на Барселона, во првото полувреме не упатија ниту еден удар кон голот на Ледесма.
Во вториот дел имаа две добри шанси преку Мемфис Депај, но и Кадиз имаше свои шанси. Колку беа опасни играчите на Кадиз, говори и податокот дека Тер Штеген, голманот на Барслеона, беше прогласен за играч на натпреварот.
Покрај лошата игра, која со црвени картони ја зачинија Френки Де Јонг и тренерот Роналд Куман, се издвои и потегот на Серхио Бускетс, во последната минута од натпреварот.
Кадиз, во 95.минута, тргна во опасен напад. Во тој момент на теренот имаше две топки. Судијата Дел Серо Гранде не го забележа тоа, но капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, точно знаеше што треба да направи. Едната топка ја шутна во правецот на играчот на Кадиз кој напаѓаше. Спречи опасен напад, а судијата му додели жолт картон.
No way Busquets saved us by kicking an extra ball on a Cadiz player ? pic.twitter.com/O3s6C5QcgX
— Judy ❣️ (@xmessisbabe) September 23, 2021