Поради финалето во НЦАА, изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа само два натпревари. Победи забележаа Сакраменто Кингс и Мајами Хит.
Сакраменто победи во Детроит со 127:117. Кингс се деветти на Западот и се доближија до место во плеј-ин.
До победата во Детроит ги предводеа Зек Лавин и ветеранот Демар Дерозан. Лавин постигна 43 поени, од кои 17 во последната четвртина, Дерозан додаде 37.
Домантас Сабонис оствари трипл-дабл, 19 поени, 15 скока и 10 асистенции, тимот од Калифорнија забележа три победи во низа, тие се на чекор пред Мавс во борбата за деветтото место.
Кај Детроит најдобри беа Кејд Канингем со 35 поени и Тим Хардавеј Џуниор со 19. Детроит се шести на Истокот и најверојатно во првото коло, во плеј-офот ќе играат против Њујорк Никс.
Данкан Робинсон играше во последната четвртина, постигна 12 од 21 поен, а Мајами стигна до очекуваната победа против Филалделфија Сиксерси (117:105).
Хит сега заостанува половина победа зад Чикаго во битката за деветтото место, тие играат против Булс во среда, што би можело да го реши последното место во плеј-ин.