Валенсија излезе од опасната зона, го победи Реал Сосиедад

Валенсија излезе од опасната зона, го победи Реал Сосиедад

пред 2 години

Во последниот саботен натпревар одигран во рамките на 23. коло на Ла Лига, Валенсија на „Местаља“, забележа победа против Реал Сосиедад (1:0).

По пет последователни првенствени порази, Валенсија славеше минимална победа пред своите навивачи. Ова е прва победа на Валенсија оваа година и прва под водство на новиот тренер, инаку клупска легенда, Рубен Бараха.

Мечот на „Местаља“ го реши авто-голот на Зубелдија во 40. минута.

Сосиедад останува трет на табелата со 43 бодови од 23 натпревари, а Валенсија со оваа победа излезе од опасната зона, сега е 17. со 23 бода од 23 натпревари.

Share
Scroll to Top