Валтер очекува Еурофарм Пелистер да го подобри нивото на дуелот со Фуксе Берлин

Валтер очекува Еурофарм Пелистер да го подобри нивото на дуелот со Фуксе Берлин

пред 1 година

Македонскиот ракометен претставник Пелистер вечерва (20.45 часот) го игра претпоследниот натпревар во групната фаза од Европската лига на ЕХФ, а противник е Фуксе Берлин. Домаќинот е голем фаворит, но тренерот Ларс Валтер вели дека овој меч треба да послужи за подобрување на нивото на игра во битолскиот тим во сите сегменти.

„Дојдовме во Берлин со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и заздравените ракиметари во нашиот систем. Суси се враќа во екипата, но превентивно нема да настапат Хенеберг и Ојлески. Овој натпревар против врвна екипа е шанса да покажеме што работиме овој период. Шанса ќе добијат и ракометари кои играа помалку во овој период. Се надевам дека ќе ја подобриме и нашата игра „шест на пет“, бидејќи имаме многу лош учинок со ракометар повеќе. Фуксе Берлин е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето“, изјави Валтер.

Пелистер цели на четвртото место во групата Д, каде е во моментот со шест бода, два повеќе од Агуаш Санташ и три повеќе од Мотор.

Share
Scroll to Top