Ван Дајк свикал состанок, играчите се побунија

Ван Дајк свикал состанок, играчите се побунија

пред 5 часа

Фудбалерите на Ливерпул му дадоа поддршка на Мохамед Салах, пишуваат англиските медиуми.

Ливерпул поминува низ најтурбулентниот период во последните неколку години. Резултатите се лоши, играта е под сите стандарди, а и атмосферата во тимот не е добра.

Најновите информации од Англија велат дека тензиите во соблекувалната се преточиле во сериозен раскол помеѓу ѕвездата на тимот Мохамед Салах и тренерот Арне Слот.

По ремито со Лидс (3:3), Салах дополнително го потресе клубот – тој најави можно заминување и остро го критикуваше Слот, што, според медиумите на островот, предизвика верижна реакција.

Наводно, капитенот Вирџил ван Дајк веднаш потоа свикал состанок со играчите и ги повикал своите соиграчи да го поддржат египетскиот ас. Според истиот извор, тие едногласно го прифатиле барањето на капитенот.

Набрзо бил формиран ставот на тимот: играчите сакаат Арне Слот да ја напушти клупата на Ливерпул.

Проблемот е длабок и не е од вчера. Салах, иако има нов договор од почетокот на годината, игра во многу послаба форма од претходно – со само четири гола и две асистенции во сезоната.

Почесто, како што е опишано, тој му носеше штета на тимот отколку корист. Сепак, целата соблекувална стоеше зад него, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Она што става дополнителен притисок врз клубот е фактот дека Салах наскоро оди на Африканскиот куп на нации. Се поставува прашањето: дали ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на Ливерпул пред тоа?

Share
Scroll to Top