Се чини дека нема крај на проблемите со повредите на Ливерпул оваа сезона. Последното име на листата на повредени играчи е Вирџил ван Дајк.
Дефанзивецот на Ливерпул беше заменет, во полувремето на натпреварот со Брентфорд во понеделникот. Менаџерот Јирген Клоп изјави дека Холанѓанецот се пожалил на болка во мускулот и коленото и дека го извадил од претпазливост.
Два дена подоцна се покажа дека ситуацијата е посериозна отколку што се претпоставуваше и дека Ван Дајк би можел да отсуствува до крајот на јануари.
Во текот на неделата ќе бидат направени дополнителни прегледи, па дури тогаш дефинитивно ќе се знае до кога Јирген Клоп нема да може да смета на Холанѓанецот.