Вардар имаше блескав старт, па доживеа тежок пораз во Полска

Вардар имаше блескав старт, па доживеа тежок пораз во Полска

пред 4 години

Вардар имаше фантастичен старт на гостувањето кај Кјелце, но потоа доживеа тежок пораз, втор за неколку дена од полскиот гигант, овојпат со 36:29 (18:12) на гости.

Тимур Дибиров, Столе Стоилов и Кристијан Дисингер имаа вистинско шоу на стартот, за „црвено-црните“ да дојдат до 5:2 водство против тимот на Талант Душебаев, но потоа на сцена стапија Алекс Душебаев и Аркадијуш Морито и на полувреме Вардар губеше со дури шест разлика (18:12), во полувреме во кое имавме само две одбрани.

Разликата беше преголема за да се стигне во второто полувреме и Кјелце сега остануваат убедливо први во групата Б со 13 поени, додека за Вардар ова е трет пораз во пет меча и се наоѓаат на шестото место со 3 поени.

Душебеав и Морито го завршија мечот со седум гола, додека за Вардар, Дибиров имаше 7, а Ловро Јотиќ шест гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Веспрем – Алборг 30:32 (16:19)

Кјелце – Вардар 36:29 (18:12)

Share
Scroll to Top