Вардар не успеа да си замине непоразен од Велешта, губејќи со 2:1 во четвртото коло од Втората фудбалска лига-Запад за скор од два порази во првите четири кола во второлигашка конкуренција.
„Црвено-црните“ поведоа преку Николов во финишот на првото полувреме, пред во второто Велешта да ја преземе контролата со головите на Даути (57.) и Лена од пенал (62.).
За разлика од Вардар, поранешниот редовен прволигаш, Силекс стигна и до четвртата победа во четири кола, победувајќи ја Воска со 2:0 во Кратово.
Фото: Фејсбук страница на ФК Вардар