Ракометарите на Вардар доживеаја убедлив пораз во Украина, кај Мотор Запорожје 30:23 (16:9). „Црвено-црните“ одиграа лош натпревар, во кој победникот беше познат по само девет минути игра.
Вардар, да не мораше немаше да го игра овој меч, таков став покажаа и ракометарите на теренот. Вардарци им дозволија на домаќините да го отворат натпреварот со 6:0, па Стевче Алушовски мораше да бара минута одмор во деветтата минута.
Мотор имаа потоа предност 9:2 и 13:5 и тука малку го спуштија темпото. До крајот на натпреварот Мотор рутински ја одржуваа предноста помеѓу седум и девет гола.
Голманот Комок блескаше кај Мотор со 15 интервенции, за разлика од него голманите на Вардар Кантагрел и Кизиќ заедно имаа осум интервенции.
Стрелците кај победникот ги предводеа Хориха, Бурзак и Монитски, сите постигнаа по шест гола. Најефикасен кај Вардар беше Шеваљевиќ, а по четири гола постигнаа Талески, односно Димитриоски и Карапалевски.
Фото/rkvardar.mk