Вардар се раздели со Васоски: Благодариме и среќно, Тетовче!

Вардар се раздели со Васоски: Благодариме и среќно, Тетовче!

пред 3 години

Александар Васоски си замина од Вардар. Тренерот кој минатата сезона му ја донесе на Вардар шампионската титула, замина поради катастрофалната финансиска ситуација во најтрофејниот македонски клуб. Есенскиот дел во сезоната 2020/2021, со лимитиран состав, Вардар го заврши на шестото место со 25 поени.

Фудбалскиот клуб Вардар, преку својата интернет-страница, му се заблагодари на Васоски за постигнатите резултати.
„За шефот на стручниот штаб Александар Васоски, натпреварот против Беласица беше последен на клупата на Вардар.
Фудбалскиот клуб Вардар му се заблагодарува на Васоски за неговиот придонес во клубот, кој беше несебичен, професионален и максимално коректен. Од тимот направи шампион, а што е најважно, афирмираше млади фудбалери кои ќе бидат иднината на македонскиот фудбал.

Му благодариме за минатосезонската титула, која беше плод на многу работа, на многу единство во екипата, и за која дефинитивно има голем придонес.

Му благодариме што успеа во овие тешки моменти за нашиот клуб, да собере сила и да го води тимот кон есенскиот дел од оваа сезона. И тоа да го направи со успех, знаејќи во каква ситуација се наоѓа Вардар, да создаде победнички менталитет, да направи добри фудбалери од овие млади момчиња, и пред се личности.

Му благодариме на Васоски за целиот придонес во сите овие шест години, најпрво како помошник тренер, а потоа и како прв тренер. Благодариме за титулите, за незаборавната авантура во Лигата на Европа од која беше дел, благодариме за сите дадени совети, лекции, сугестии. Никогаш нема да ја заборавиме трагата која ја остави во нашиот клуб.

Васоски, ти посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Со надеж дека еден ден повторно ќе бидеш меѓу „црвено-црните“, онаму каде што припаѓаш! Вардар е твојот дом!

Благодариме и среќно, Тетовче!“.

Фото/fkvardar.mk

Share
Scroll to Top