Вардар 1961 ја започна новата сезона во Лигата на шампиони на ЕХФ со тешко извојувано 27:27 (13:13) реми кај норвешкиот Елверум, во меч во кој имаа и напад за победа, кој не го оствари Анте Гаџа.
Во израмнет меч од почетокот до крајот, „црвено-црните“ наидоа на опасен противник, кој се обидуваше да се одвои со предност, но се задоволи со поделба на поените.
Жереми Тото повторно беше најдобар стрелец за Вардар со шест постигнати голови, одличниот Јоел Моралес додаде пет, додека новите засилувања на тимот на Веселин Вујовиќ, браќата Њокас завршија со три гола.
Во нашата група А, Кил стигна до 33:30 победа на гости кај Мешков Брест, додека Монпелје успеа да се врати од три гола негатива за 29:29 реми со унгарскиот Пик Сегед.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ГРУПА А, 1.КОЛО
Елверум – Вардар 27:27 (13:13)
Мешков Брест – Кил 30:33 (15:18)
Монпелје – Пик Сегед 29:29 (14:15)
ППД Загреб – Алборг 20.45 ч.
Фото: РК Вардар