Вардар 1961 лесно славеше во дербито со Еурофарм Пелистер

Вардар 1961 лесно славеше во дербито со Еурофарм Пелистер

пред 10 часа

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенствот против Еурофарм Пелистер оваа сезона. Црвено-црните во Скопје славеа со 27:24 (15:11).

Првото полувреме, во кое Вардар1961 одигра речиси беспрекорно во одбраната, со која диригираше голманот Еспиња, му ја трасираше победата на домашниот тим. Еспиња во првото полувреме забележа седум одбрани, а сето тоа го зачини во финишот на второто полувреме кога одбрани два седмеци (Радивијевиќ, Кузмановски) и ги спречи играчите од Битола да внесат неизвесност во натпреварот.

Вардар 1961 прв пат се одлепи од протиникот во десеттата минута кога стекна предност од три гола (5:2, 6:3). На десет минути до крајот на првиот дел црвено-црните дојсоа до највисоката предност 11:6.

Првата половина од вториот дел им припадна на играчите на Пелистер, во 45.минута се доближија на гол негатива (20:19). Црвено-црните експресно се консилидираа и со серија 5:2 го одбија нападот на противникот.

Марко Срдановиќ го предводеше Вардар 1961 со осум гола, три помалку постигна ветеранот Гоце Георгиевски. Кај Пелистер најдобри беа репрезентативците Никола Митревски со десет одбрани и Филип Кузмановски зсо седум гола.

Share
Scroll to Top