ВАР-технологија пристигна во Србија, но на малку поинаков начин. Кога нема ВАР соба да ја потврди одлуката на судијата, доволено е да имаш камерман на трибините.
На натпревар во еден од пониските рангови на фудбалот во Србија, судијата досудил пенал за еден од тимовите, не бил доволно сигурен во својата одлука, па решил да одговорот да го побара кај камерманот кој бил на трибините.
„Шеф, дали овде имаше контакт? Дали можеш да ми ја вратиш снимката?“, праша судијата, а камерманот му одговорил.
„Пенал е, чист како солза“.
Судијата решил да го послуша камерманот и покажал на белата точка.
Инаку, ВАР-технологијата во Србија ќе започне да се употребува од наредната сезона.