Холандскиот напаѓач Вут Вегхорст смета дека врши „добра работа“ за Манчестер јунајтед, откако беше избран како стартер од неговиот сонародник Ерик Тен Хаг во 18 меча едноподруго.
Вегхорст стигна во Манчестер јунајтед во јануари на краткотрајна позајмица од Барнли, иако пристигна од Бешикташ, каде што исто така беше позајмен. Тој веднаш ја доби довербата на Тен Хаг и помогна да се освои првиот трофеј за клубот по шест години во Карабо купот, но има само два гола за „ѓаволите“ претрпувајќи големи критики од навивачите и новинарите.
Но, 30-годишниот Вегхорст вели дека не му пречат критиките и дека има влијание во тимот.
„Тоа што имам 18 меча покажува дека имаат доверба во мене. Исто така покажува дека завршувам добра работа за тимот. Тоа беше нешто што го посакував кога дојдов тука – да помогнам на клубот. Имаме еден трофеј сега. Имаме уште две шанси во Лига Европа и ФА купот, и сакаме да бидеме што е можно повисоко на табелата“, вели Вегхорст, кој беше повикан од новиот холандски селектор Роналд Куман за мечевите со Франција и Гибралтар.