Вернер даде гол по 100 дена, Челси ја продолжи победничката серија

Вернер даде гол по 100 дена, Челси ја продолжи победничката серија

пред 3 години

Тимо Вернер го прекина „постот“ без голови од 100 дена, за да помогне Челси да стигне до 2:0 победа над Њукасл и да ја продолжи одличната низа резултати под водство на новиот тренер Томас Тухел.

Оливие Жиру, кој по само 20 минути го замени повредениот Теми Абрахам, го отвори резултатот во 31. минута, за осум минути подоцна, Вернер со малку среќа од речиси невозможна позиција го совлада Карл Дарлоу.

Со четвртата победа едноподруго, Челси се искачи на четвртото место на табелата со 42 поени, четири помалку од Манчестер јунајтед и Лестер и исто со Вест Хем на петтото место. Њукасл се 17-ти со 25 поени, седум над 18-пласираниот Фулам.

Share
Scroll to Top