Вест хем со многу среќа извлече реми со Брајтон

Вест хем со многу среќа извлече реми со Брајтон

пред 3 години

Брајтон двапати водеше на „Лондон стадионот“, но на крајот мораше да се задоволи со 2:2 реми кај Вест хем во првиот празничен меч за клубот од југот на Англија.

Нил Мопе донесе предност во финишот на првото полувреме, но „чеканите“ израмнија преку Бенџамин Џонсон во 60-тата минута. Десет минути подоцна, Хоув енд Албион повторно беа во водство со голот на Луис Данк по катастрофалната реакција на одбраната на Вест хем, за „чеканите“ со многу среќа во 82. минута Томаш Соучек да ја смести топката во голот на гостите.

Вест хем остануваат на десеттото место со 22 поени, додека Брајтон откако немаат победа во последните пет меча сега се на 16. место со 13 поени, само два поени од зоната за испаѓање.

Share
Scroll to Top