Вечното српско дерби без публика и без победник

Вечното српско дерби без публика и без победник

пред 4 години

Фудбалерите на Партизан и Црвена Звезда одиграа без победник 1-1 во 163. вечно дерби.

Долго време се чекаше на вториот дуел меѓу вечните ривали одигран без публика. Победник немаше, па Звезда која е актуелен шампион и лидер на табелата во моментов ја задржа предоста од +8 во однос на „црно-белите“.

Ако се се собере и одземе се чини нерешениот исход е најреален.

Играчот на „црвено-белите“ дефанзивецот Ераковиќ киксираше на својата половина, па Стевановиќ уште во 6 минута го доведе Партизан во водство.

Звезда најдобрата шанса за израмнување ја имаше во судиското надополнување на првото полувреме кога Фалчинели биеше за малку непрецизно.

Израмувањето стигна во 75 минута. Јојиќ непотребно го повлече Саного во шеснаесетниот и судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Катаи за 1-1.

Звезда со ова реми ја прекина серијата од 10 победи во низа, а Партизан втор меч по ред игра нерешено.

Share
Scroll to Top