(Видео+Фото) Дербито во Белград траеше 111 минути – Црвена звезда го победи Партизан

(Видео+Фото) Дербито во Белград траеше 111 минути – Црвена звезда го победи Партизан

пред 7 месеци

Црвена звезда со гол од пенал го победи Партизан со 3:2, во 173. вечно дерби. Црвено-белите, направија голем чекор кон одбраната на титулата, бидејќи сега имаат 10 поени предност пред вечниот ривал.

Партизан два пати водеше на „Маракана“, но не успеа да победи, во дербито кое заврши во 111. минута.

Баждар погоди за црно-белите во 11.минута, но водстовот на партизан траеше само четири минути, кога изедначи Канга од пенал. До крајот на првиот дел, Гох ја погоди стативата од голот на Црвена звезда, а во последните моменти од полувремето голманот Круниќ во ситуација еден на еден го одбрани ударот на Букари.

Вториот дел неколку пати беше во прекин, бидејќи навивачите на двата тима палеа пиротехника. Навивачите на Црвена звезда фрлаа топовски удари, а нивните колеги од спротивната трибина ги гаѓаа со факели. Припадниците на специјалната полиција влегоа на јужна трибина. Навивачите се посебна приказна на дербито, пред мечот беа упсени 30 хулигани, а на неколку локации низ Белград полицијата интервенираше поради физички пресметки.

Партизан, прв зададе удар и во второто полувреме. Северина постигна евро-гол во 56.минута.

Од тој момент црвено-белите извршија силен притисок. Младиот голман на Партизан, Круниќ блескаше на голот со три фантастични одбрани, а во 69.минута ВАР го поништи голот на Катаи.

Звезда изедначи во 89.минута преку Ендиај. Фудбалерите на Партизан баар фаул во напад, но ВАР го потврди голот.

Конечно во 99.минута, Црвена звезда доби уште еден пенал, по фаулот на Антиќ врз Букари. Сигурен реализитор беше Катаи.

Share
Scroll to Top