(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

(Видео) Автогол каков што не сте виделе – Челзи на колена пред Тотенхем

пред 4 часа

Градското дерби, во осмото коло на „Стенфорд Бриџ“, меѓу Челзи и Тотенхем заврши со триумф на гостите 0:2. Челзи го запиша третиот пораз во сезоната, додека Тотенхем по лошиот старт, беа без победа во првите шест рунди, ја забележа и втората победа.

Долго време се чинеше дека нема да има поголеми возбудувања, како и дека најверојатно ќе остане резултатот 0:0.

Сè започна во 77-та минута, кога Мајк Пендерс, резервниот голман на Челзи, постигна бизарен автогол, тргна да ја боксува топката, но наместо да ја удри напред, ја испрати зад својот грб.

Катастрофата на Челзи се продлабочи во 80-та минута, бидејќи Кол Палмер задоцни на старт, згази на ногата на противничкиот играч и заслужено доби втор жолт картон.

Тоа беше 100-от црвен картон на Челзи во нивната историја во Премиер лигата.

Матијс Тел стави точка на натпреварот во 87-та минута по уште една голема грешка на „сините“.

Тел ја украде топката во својата половина, влечеше и влечеше, а потоа со удар од над 25 метри го совлада несреќниот Пендерс, за конечни 0:2.

Share
Scroll to Top