(Видео) Албанија ја слави првата победа во Светскиот куп

(Видео) Албанија ја слави првата победа во Светскиот куп

пред 45 минути

Албанката Лара Колтури (20) е победничка на вториот слалом во сезоната, одржан во Гургл, Австрија. Детето на италијански родители, кое го промени спортското државјанство во мај 2022 година, триумфираше пред Швеѓанките Сара Хектор и Ана Свен Ларсон.

Со време од 1:45,47 минути, Колтури ѝ ја донесе на Албанија првата победа во историјата на Светскиот куп, во трка во која најголемата на сите времиња, Микаела Шифрин, повторно не учествуваше.

Лара беше на второто место по првото возење. Како претпоследна на почетокот од второто, таа го постигна третото време на патеката и стигна до својата прва победа во кариерата.

Швеѓанките имаа многу причини да бидат среќни. Сара Хектор од седмото место стигна до второто (27 стотинки од секундата), додека Ана Свен Ларсон заврши на третото место (+0,30), откако водеше во првата трка.

На четвртата позиција, со највисок стартен број (26) меѓу првите десет е Американката Еј-Џеј Харт. Петтото место го поделија Хана Аронсон Елфман (Шведска) и Камил Раст (Швајцарија), кои напредуваа за 13 места. Тие беа најбрзи во втората трка.

Лара Колтури е лидер по три трки од Светскиот куп со 260 поени. Ајхер е на второто место со 192, а Хектор е трета со 150 поени.

Колтури води во поредокот за слалом со 180 поени, пред Ема Ајхер, која има 132 поени.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top