(Видео) Арнаутовиќ пристигна во Белград, го пречекаа навивачите на Црвена звезда

(Видео) Арнаутовиќ пристигна во Белград, го пречекаа навивачите на Црвена звезда

пред 4 часа

Марко Арнаутовиќ, искусениот австриски репрезентативец од српско потекло, стана нов напаѓач на Црвена звезда. По неколку недели преговори предводени од генералниот менаџер на Звезда, Звездан Терзиќ, со Арнаутовиќ и неговиот брат Даниел, постигнат е договор за двегодишен договор.

Доаѓањето на овој напаѓач, кој минатата сезона играше за Интер и постигна седум гола на 28 натпревари, веќе е прогласено за еден од најголемите трансфери во поновата историја на клубот и голем чекор напред во неговите амбиции за европски предизвици.

Звезда е актуелен шампион на Србија, ја освои титулата убедливо пред второпласираниот Партизан.

Арнаутовиќ пристигна во Белград, а навивачите го пречекаа во голем број на аеродромот и ентузијастички скандираа откако се појави пред нив во друштво на Терзиќ.

Во Црвена звезда, Арнаутовиќ ќе го носи бројот 89, што ја симболизира неговата година на раѓање и основањето на навивачката група на Црвена звезда, „Делије“. Според медиумите Арнаутовиќ потпиша две годишен договор, а чпо сезона ќе заработува 2,5 милиони евра.

Во својата кариера, Арнаутовиќ ги носеше дресовите на клубови како Твенте, Вердер, Стоук, Вест Хем јунајтед, Шангај Порт, Болоња и Интер, а за австриската репрезентација одигра 125 пати и постигна 41 гол.

Share
Scroll to Top