(Видео) Аталанта во 98-та минута ја елиминира Борусија

(Видео) Аталанта во 98-та минута ја елиминира Борусија

пред 3 часа

Фудбалерите на Аталанта со спектакуларен пресврт ја елиминираа Борусија Дортмунд и се пласираа во осминафиналето, во Лигата на шампионите. По поразот 0:2 во Дортмунд, во Бергамо, Аталанта со гол од пенал во 98-та минута, победи со 4:1.

Аталанта ја декласира Борусија, особено во првоот полувреме, кога гостите прв пат се обидоа да се заканат кон голот на Карнесеки во 29-та минута.

„Ла Деа“, агресивно влезе во мечот, а по грешката на Емре Џан и Андерсон, Скамака го постигна првиот гол во петтата минута. Предноста на Борусија, Аталанта ја анулира во 45-та минута кога со мала помош на Бенсебаини погоди Запакоста.

Пресвртот го комплетираше Пашалиќ во 57-та минута. Надеж на Борусија и донесе голот на Адејеми во 75-та минута.

И кога сите очекуваа продолженија, во последните секунди, невнимателен старт на Бенсебаини врз Крстовиќ, а Самарџиќ од пенал во 98-та минута ја однесе Аталната во осминафиналето.

Share
Scroll to Top