Баер Леверкузен е победник на Купот на Германија за сезоната 2023/2024. и освојувач на „двојната круна“ во германскиот фудбал, откако претходно на доминантен начин ја освои и Бундес лигата.
Избраниците на Чаби Алонсо беа подобри од второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин со 1:0.
Ова беше петто финале за „фармацевтите“ и втора титула во Купот, прва по 1993 година.
Леверкузен ја комплетира чудесната сезона, која во сите натпреварувања ја заврши со еден пораз. Баер одигра 53 натпревари во сите конкуренции и загуби само еднаш, во средата од Аталанта во финалето, во Лига Европа.
Победата во финалето против Кајзерслаутерн ја изборија со голот на Џака во 16.минута, а потоа покажаа квалитет кога успеаја да ја одбранат бидејќи од 44.минута играа со фудбалер помалку на теренот.