Фудбалерите на Барселона го победија Бетис со 3:1 во последниот натпревар пред своите навивачи оваа сезона.
Ова беше 19-та победа на Каталонците во 19-от натпревар пред своите навивачи во сезоната што завршува следниот викенд.
Двоен стрелец беше Рафиња, еден гол даде Кансело, но централна фигура на натпреварот, без сомнение, беше напаѓачот во заминување, легендарниот Роберт Левандовски, кој го одигра последниот натпревар (на Камп Ноу) за славниот тим.
Во прошталниот натпревар не успеа да постигне гол, но тој сигурно си заминува како еден од најпродуктивните стрелци што каталонскиот клуб некогаш ги имал во своите редови.
Лева постигна 119 гола на 192 натпревари откако пристигна во клубот пред четири сезони од Баерн Минхен.
legend we will always love u robert and we will always be grateful u chose to come here pic.twitter.com/tDabHFPn8X
— mona (@culerenjun) May 17, 2026
Ханси Флик му направи чест да го замени во финишот на натпреварот, така што Полјакот доби овации од целиот стадион што му донесе солзи на очите. На крајот, на крајот од натпреварот, тој заврши во рацете на своите соиграчи.
Еден од најдобрите стрелци на сите времиња со тоа затвори уште едно спектакуларно поглавје во својата кариера.






