(Видео) Барселона „пукна“ петарда во мрежата на Севиља

(Видео) Барселона „пукна“ петарда во мрежата на Севиља

пред 2 месеци

Фудбалерите на Барселона без многу проблеми ја надиграа Севиља и ја совладаа со 5:1 (3:0) во претпоследниот натпревар од 10. коло на шпанската Ла Лига.

Ова е четврти пат оваа сезона Барселона да постигнува најмалку пет гола на еден натпревар.

Избраниците на Ханси Флик работата ја завршија во првите 40 минути од натпреварот, кога стекнаа предност од три гола.

Серијата ја започна Левандовски во 24.минута кога погоди од белата точка.

Само четири минути подоцна, Педри со удар од работ на шеснаесетникот ја заби топката под гредата и го удвои водството на домашните. Третиот гол постигна Левандовски овој пат од игра на асистенција на Рафиња.

Во вториот значително падна ритамот во играта, но во финишот беа постигнати уште три гола.

Најпрво во 82. минута Пабло Торе го постигна четвртиот гол за Барса, а во 87. минута Идумбо ја спаси честа на Севиља.

„Петардата“ на Каталонците ја комплетира, Пабло Торе со својот втор гол.

Барселона повторно е сама на челната позиција на табелата со 27 бодови, додека Севиља има само 12 и се наоѓа на 13. место.

Share
Scroll to Top