(Видео) Барселона со пет торпеда ја потопи „жолтата подморница“

(Видео) Барселона со пет торпеда ја потопи „жолтата подморница“

пред 13 часа

Барселона го декласира Виљареал на „Керамика“ со 5:1 и го задржа перфектниот старт во сезоната. Во првите шест кола Барселона забележа шест победи, додека Виљареал го запиша првиот пораз.

Прекрасен натпревар одиграа Виљареал и Барселона, а според се она што беше видено, победата на Барселона е заслужена, но Виљареал не заслужи толку убедлив пораз.

Виљареал почна подобро, но потоа се појави Роберт Левандовски. Полјакот постигна два гола во првото полувреме, првиот во 20. минута, вториот во 35. и им донесе големо водство на Каталонците.

Три минути по вториот гол на Левандовски, Виљареал го намали водството преку разигран Ајозе Перез. Она што може да ја загрижи Барселона е повредата на Тер Штеген на крајот од првото полувреме.

Виљареал на стартот на вториот дел тргна во целосна офанзива, поради минимален ифсајд беше поништен голот на Пепе, а потоа истиот играч ја погоди гредата, а Пења имаше спектакуларна одбрана по ударот на Перез.

Во екот на големата иницијатива на домашниот тим, Торе погоди за 1:3 во 58. минута од натпреварот.

Во 66. минута Левандовски промаши пенал, а две минути подоцна на „жолтата подморница“ и беше поништен гол кој го постигна Баи.

Рафиња ги урна сите надежи дека Виљареал може да избегне пораз, а потоа Бразилецот во 84.минута го постави конечен резултат.

Share
Scroll to Top