Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0.
Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл.
Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот.
Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот.
Бразилецот го дуплираше водството на својот тим во 53-та минута, а три минути подоцна, Лопес повторно го запиша своето име на семафорот.
Рафиња ја зголеми предноста на Барса со брилијантен гол, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски.
Полјакот на теренот влезе во 68-та минута и набрзо го постигна првиот гол на овој натпревар.
Се играше во 78-та минута кога Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија по одлично додавање од Дани Олмо, а потоа во 86-та минута го постави конечниот резултат, по асистенција од Бернал.
Барселона сега е на два бода зад Реал Мадрид, кој е единствениот тим со сите четири победи.
Foto/ EPA