(Видео) Бес и лутина на „Бернабеу“ – Тројца од Реал поцрвенеа против Селта

(Видео) Бес и лутина на „Бернабеу“ – Тројца од Реал поцрвенеа против Селта

пред 3 часа

Сензационално, Реал загуби дома од Селта (0:2) во 16-то коло од Ла Лига. Стрелец на двата гола за победата на гостите беше Вилиот Сведберг во 53-та минута и третата минута од судиското продолжение.

Во Реал се бесни на судијата Алехандро Кинтеро, кој им додели црвени картони на дури тројца играчи на Реал.

Левиот бек, Фран Гарсија беше исклучен во 64-та минута, експресно доби два жолти картони поради остри стартови.

Во втората минута од судиското продолжение, Алехандро Карерас, кој ја крпеше десеткуваната одбрана на Реал како стопер, доби директен црвен картон откако доби жолт картон една минута претходно.

Шпанските медиуми пишуваат дека вториот жолт картон го добил затоа што му рекол на судијата: „Многу си лош“.

По црвениот картон на Карерас, полудеа сите играчи на Реал, црвен доби и резервата Ендрик, кој не доби шанса да игра на овој натпревар.

Во извештајот, судијата објасни зошто му го доделил црвениот картон на резервниот напаѓач на Реал: „Тој стана од клупата, ја напушти техничката зона, му викаше на четвртиот судија, поради што тренерите мораа да го смират“.

Во таа ситуација,Феде Валверде и Родриго добија жолти картони. Претходно, Џуд Белингам и тренерот Чаби Алонсо исто така добија јавна опомена. Селта доби само еден жолт картон.

Судијата во извештајот наведе дека Дани Карвахал, кој не играше поради повреда, му рекол: „Постави ваков критериум, а потоа ќе плачеш пред новинарите“.

Проблем за Реал, пред следниот меч во Примера е и повредата на Едер Милитао, кој пред време го заврши дуелот со Селта.

Share
Scroll to Top