(Видео) Борусија Дортмунд не успеа да победи во Аугсбург

(Видео) Борусија Дортмунд не успеа да победи во Аугсбург

пред 5 месеци

Четири натпревари се одиграа денеска во попладневниот термин во Бундеслигата. Боруија Дортмунд не успа да победи кај Аугсбург и го зголеми минусот во однос на водечките екипи на табелата.

Аугсбург поведе против Борусија во 23. минута со голот на капитенот Ермедин Демировиќ.

Жолто-црните 12 минути подоцна израмнија со голот на холандскиот интернационалец Дониел Мален.

Во вториот дел и двете екипи пропуштија неколку шанси, но резултатот не се промени.

Најубедливата победа во саботата ја оствари Бохум. Во дуел со директниот конкурент во борбата за опстанок, Бохум го победи Унион Берлин со 3:0. Јапонецот Асано, Трпение и Штегер од пенал беа стрелци за Бохум.

Волфсбург со голот на Мајер во 63.минута победи кај Дармштад, а минимална победа на гостински терен забележа Хајденхајм против Мајнц.

Share
Scroll to Top