(Видео) Браќата Вилијамс го решија Рајо Ваљекано

(Видео) Браќата Вилијамс го решија Рајо Ваљекано

пред 5 месеци

Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано нема по добро да го паметат гостувањето на „Сан Мамес“ во Билбао. Во 14 коло, Атлетико го декласира Рајо Ваљекано со 4:0.

Серијата ја отвори Гурузета во 23 минута по додавањето на Санчет. Рајо Ваљекано немаше среќа на стартот од вториот дел, во 47. минута Еспино ја затресе сопствената мрежа.

Триумфот на домашните го потврдија браќата Вилијамс, прв погоди Ињаки во 64. минута, прецизен беше и Нико четири минути подоцна. Тогаш беше поставен конечниот резултат.

Share
Scroll to Top