Џулијано Симеоне не постигна ниту еден од двата гола на Атлетико Мадрид во последното издание на шпанското вечно дерби со Реал, но овој дваесет и тригодишник заслужи и доби високи оценки за својот придонес во триумфот на „јорганџиите“, како клучен играч во дербито.
Симеоне јуниор прво извбори пенал и црвен картон за Дин Хаусен, а потоа со совршено додавање му овозможи на Џонатан Дејвид да го постигне вториот гол за црвено-белите.
Приказната за придонесот на синот на тренерот Диего Симеоне не завршува тука.
Прецизните статистичари ги доставија следните бројки како доказ дека помладиот член на познато фудбалско семејство од Аргентина не е играч на Атлетико поради непотизм, односно дека е син на тренерот, туку затоа што има квалитети за тоа.
Уште повеќе, откако ја мина младинската школа на големиот мадридски гигант, Џулијано дел од својата кариера го помина во други клубови, сè додека не се врати во Атлетико.
Поточно, Џулијано против „кралот“ имаше: 64 контакти со топката, 31 успешно додавање од 41 обид, седум одбранбени придонеси, седум добиени дуели, пет допири со топката во противничкиот шеснаесетник, четири добиени топки преку стартови, три освоени топки во посед, два изнудени фаули, еден успешен дриблинг, еден шут и една создадена шанса.
За се она што го прикажа во дербито, Џулијано Симеоне беше прогласен за МВП на натпреварот.
Foto/ EPA






