(Видео) Важни победи за Лутон и Барнли, Соланке му пресуди на Нотингем

(Видео) Важни победи за Лутон и Барнли, Соланке му пресуди на Нотингем

пред 11 месеци

Победите на Лутон и Барнли и хет-трикот на Доминик Соланке ги обележаа попладневните натпревари во Премиер лигата.

Лутон очајно се бори за опстанок и секој бод во таа борба ќе вреди злато за дебитантот во елитата. Затоа победата против Њукасл со 1:0, е една од најголемите за овој клуб. Голот за победа го постигна искусниот Таузенд, кога во 25.минута ја искористи асистенцијата на поранешниот англиски репрезентативец Рос Баркли.

По серијата слаби резултати, Тотенхем ја врза третата последователна победа. По Њукасл и Нотингем, на домашен терен го совладаа Евертон со 2:1.

Со овој триумф лондонскиот тим повторно се најде меѓу четирите најдобри во Премиер лигата,

Добро почна за Тотенхем, веќе во деветтата минута по додавање на Џонсон погоди Ришарлисон. Само девет минути подоцна, одлична акција на домашните по корнер, голманот на Евертон, Пикфорд го одбрани првиот удар, топката се одби до Сон, кој потоа лесно ја погоди мрежата.

Во продолжение Евертон беше подобриот противник, но не успеа да дојде до бод. Во 51. минута голот на Калверт-Луин беше поништен поради прекршок на стартот од акцијата, а во 82. минута Гомеш погоди. Се покажа дека тоа е само почесен гол за гостите.

Бурнмут ја искористи предноста од играч повеќе и победи во Нотингем со 3:2, на дебито на новиот тренер на „шумарите“, Нуно Еспирито Санто.

Со играч помалку Нотингем дојде до предност во 46.минута преку Еланга. Пресврт со два гола направи Соланке, Вуд изедначи на 2:2 во 74.минута.

Соланке го комплетираше хет-трикот во четвртата минута од судиското надополнување и дефинитивно ја обезбеди победата за својот тим.

Барнли неочекувано побегна од дното на табелата во Премиер лигата, по победата против Фулам во Лондон со 2:0. Домаќинот беше неспоредливо подобар ривал во првото полувреме, во кое гостите шутнаа само еднаш кон голот на Лено.

Во продолжение поинаква приказна, 19-годишниот Французин Одоберт му донесе водство на Барнли во 47. минута, а триумфот го потврди Норвежанецот Берг со гол во 66. минута.

Share
Scroll to Top