Валенсија по пауза од четири години успеа да ја победи Севилја. Во првото коло, во новата сезона во Ла Лига, во Севилја екипата на Валенсија победи со 2:1.
Севилја, актуелен победник во Лига Европа, лошо влезе во новата сезона. Доѓивеа пораз од Валенсија, екипа за која аналитичарите прогнозираат дека ќе биде во долниот дел од табелата.
По лошото прво полувреме, во кое Севилја упати само еден, а Валенсија ниту еден удар кон голот на противникот, двата тима одигра сосема солидно второ полувреме.
Победата на Валенсија ја најави Дијакаби во 60.минута. Десет минути подцна изедначи Ен Несири.
Проблемите за Севилја започнаа во 81.минута кога Наде доби црвен картон.
Осум минути подоцна Хави Гера ја материјализираше предноста на Валенсија. Младиот играч на Валенсија една минута претходно влезе на теренот.