Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија.
Ова беше прв пораз на Босна и Херцеговина во овие квалификации по четири победи. БиХ сè уште прва во Групата Х, но Австрија има натпревар помалку. Во истата група, Кипар и Романија одиграа нерешено 2:2.
Тесни победи забележаа Франција и Португалија.
Исланд поведе со 0:1 во Париз, но Французите успеаја да го свертат резултатот со головите на Мбапе и Баркола. По црвениот картон на Чуамени, Исланѓаните постигнаа гол во 89-та минута, но голот беше поништен.
Португалија славеше на гости против Унгарија. Барнабас Варга постигна два гола за домаќините, додека Бернардо Силва, Роналдо од пенал и Жоао Кансело за победа во 86.минута ги постигнаа головите за гостите.
Резултати
Франција – Исланд 2:1
Унгарија – Португалија 2:3
Босна и Херцеговина – Австрија 1:2
Кипар – Романија 2:2
Норвешка – Молдавија 11:1
Албанија – Латвија 1:0
Србија – Англија 0:5
Foto/ EPA