Фудбалерите на Фиорентина победија во Болоња со 2:1 како гости во 21-то коло од Серија А. Ова играчите му ја посветија на Роко Комисо. Претседателот на Фиорентина почина вчера на 76-годишна возраст.
За потсетување, тимот од Тоскана не победи во ниту еден натпревар во првенството до 21 декември, беше закован за дното, но оттогаш е во голем налет.
Триумфот на стадионот „Ренато Далара“ беше трет во последните 27 дена и прв на гостински терен оваа сезона.
Во Фиренца дефинитивно сега дишат полесно, но се свесни и дека вистинската работа допрва доаѓа.
Стрелци за тимот на Паоло Ваноли беа Роландо Мандрагора и Роберто Пиколи, кои во првото полувреме, кое беше одлично за гостите, а катастрофално за Болоња, му донесоа на својот тим капитална предност против тим кој се стреми кон европски позиции.
Колку тренерот на домашниот тим, Винченцо Италијано, беше незадоволен од играта на својот тим во првите 45 минути, најдобро покажува неговиот потег да направи четири замени веќе на полувремето.
Ги остави во соблекувалната напаѓачите Холм, Орсолини, Фројлер и Одгард, а наместо нив ги внесе Зорте, Роу, Моро и Фабијан.
И токму еден од резервните играчи, Фабијан, внесе неизвесност во натпреварот кон крајот, со голот ва 88-та минута, но Болоња не успеа да се спаси од пораз.
Foto/ EPA






