Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Спортинг од Лисабон со 3:1 (0:0) во натпреварот од 6-то коло на Лигата на шампионите.
Спортинг ги шокира Баварците во 54-та минута, кога капитенот на Баерн, Џошуа Кимих ја затресе сопствената мрежа.
Баерн од тој момент уште посилно притисна и многу брзо ги постави работите на свое место.
Во 65-та минута, Серж Гнабри го дочека центаршутот на Мишел Олисе на втората статива и го израмни резултатот.
Само четири минути подоцна, 17-годишното чудо од дете на Баерн, Ленарт Карл, го реши натпреварот.
Откако постигна гол против Арсенал во Лондон во претходното коло, сега постигна гол по асистенција на Конрад Лајмер за да го комплетира пресвртот.
Победата ја потврди Џонатан Та во 77-та минута, а овој пат Серж Гнабри беше во улога на асистент.
Инаку на овој Алфонсо Дејвис се врати на теренот по долга пауза поради повреда.
Баерн сега има 15 бода и е израмнет на првото место со Арсенал, кој има натпревар помалку. Спортинг остана на 10 освоени бода, колку што има повеќе тимови.
Foto/ depositphotos






