(Видео) Гати во 97. минута спаси реми за Јуве против Севилја, Рома со предност против Леверкузен

(Видео) Гати во 97. минута спаси реми за Јуве против Севилја, Рома со предност против Леверкузен

пред 12 месеци

Федерико Гати, момчето кое до пред некоја сезона немаше професионален договор, пак се покажа како клучен играч за Јувентус, откако со гол во 97. минута спаси 1:1 реми против „експертите“ за Лига Европа, Севилја во првиот меч од полуфиналето.

Во дуелот на двајца стари познаници пак, Жозе Мурињо го победи својот ексфудбалер Чаби Алонсо, откако Рома стигна до минимална 1:0 предност против Баер Леверкузен во второто полуфинале.

Шпанскиот клуб стигна до водство во 25. минута, кога по еден брз контранапад, Луис Окампос му асистираше на Јусеф Ен Несири, кој без мака го совлада Војчех Шчесни. Јувентус имаше повеќе од поседот на топката, но Севилја беше поактивна пред противничкиот гол и чекаше да замине дома со предност, кога Гати по асистенција на Пол Погба да ја смести топкат во голот на гостите.

На „Олимпико“ пак, еден гол го реши победникот – Рома го скрши отпорот на бундеслигашот во 63. минута со комбинацијата Теми Ејбрахам-Едоардо Бове.

Во Конференциската лига, пак, италијанскиот фаворит Фиорентина загуби со 1:2 од швајцарскиот Базел по првото полуфинале, додека Вест хем се намачи со АЗ Алкмар за да се врати за 2:1 победа.

Артур Кабрал ги донесе Виола во водство во 25. минута, за Базел да израмни во 69. минута преку Анди Диуф, пред Зеи Азмуни да го замолчи „Артемио Франки“ во 92. минута. Во Лондон, „чеканите“ губеа од 42. минута со голот на Рајндерс, пред прво во 67. минута Саид Бенрама да израмни од пенал, за Микаел Антонио во 72. минута да осигура победа.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Рома – Баер Леверкузен 1:0
Јувентус – Севилја 1:1

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА ЕВРОПА, 1/2 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ
Фиорентина – Базел 1:2
Вест хем – АЗ Алкмар 2:1

Share
Scroll to Top