(Видео) Гилџес-Александер му пресуди на Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл

(Видео) Гилџес-Александер му пресуди на Денвер, Јокиќ со нов трипл-дабл

пред 5 часа

Оклахома го победи Денвер со 129:126 во НБА лигата. Мечот го реши актуелниот МВП, Шеј Гилџис-Александер со тројка на две секунди до крајот.

Денвер постигна 40 поени во првиот период, таа предност Оклахома ја стигна и престигна во вториот. Во второто полувреме, Денвер не дозволи противникот да се одлепи, а во финишот Шеј постигна поени за победа.

Во тимот на Оклахома, Шеј беше најефикасен со 35 поени и 15 асистенции, Џејлин Вилијамс имаше 29 поени и 12 скока, Мичел постигна 24 поени.

Јокиќ кај Денвер забележа уште еден трип-дабл (32 поени, 14 скокови, 13 асистенции). Најефикасен беше Тим Хардавеј со 28, Џамал Мареј постигна 21, а повратникот во тимот Арон Гордон имаше 23 поени и 10 скокови.

Резултати:

Кливленд – Филаделфија 115:101
/Харден 20, Грајмс 17/

Бруклин – Мемфис 126:115
/Шарп 19, Рупер 20/

Јута – Голден Стејт 119:116
/Сенсебау 21, Мелтон 22/

ЛА Клиперс – Њујорк 126:118
/Леонард 29 – Таунс 35/

Share
Scroll to Top