(Видео) Гризман во клубот „200“, Атлетико лесно ја победи Севилја

(Видео) Гризман во клубот „200“, Атлетико лесно ја победи Севилја

пред 2 дена

Атлетико Мадрид ја победи Севилја со 3:0 во 11-то коло, во Примера. „Јоганџиите“ ја забележаа третата победа во низа, четврта во последните пет натпревари во првенството, додека Севилја го забележа третиот пораз по ред и веќе има шест загубени натпревари од почетокот на сезоната. Мечот го обележа Антоан Гризман, клупската легенда го постигна 200-от гол за Атлетико во Примера.

Атлетико издоминира против Севилја, но отпорот на гостите од Андалузија го скриши во последните 30 минути.

Во првиот дел, Нико Гонзалес ја погоди стативата, потоа Аргентинецот пропушти уште две добри шанси. Голема шанса во овој дел од играта не реализира и Сорлот.

Севилја во првите дел се закани еднаш, преку Варгас, чии удар заврши над голот во 47-та минута. Инаку гостите најдобрата шанса ја имаа во 72-та минута кога ударот на Гудељ од 20 метри го одбрани Облак.

Атлетико првиот гол го постигна од пенал во 64-та минута, стрелец беше Хулијан Алварез. На пеналот му претходеше исклучително опасен старт на Нијансу врез Хименез.

Домаќинот ја дуплира предноста во 77-та минута. целата работа ја заврши Симеоне. Одзеде топка на 30 метри од голот на Влаходимос, ја претрча одбраната, а потоа му асистираше на Тијаго Алмада, на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.

Пет минути подцна Гризман не реализираше во ситуација „еден на еден“ против Влаходимос. Неговиот удар од 14 метри заврши над голот.

Францускиот ас сепак постигна гол, со десна нога во 90-та минута, негов 200-ти во дресот на Атлетико во Примера.

Атлетико сега има 22 бода, се наоѓа на четвртото место, Севилја е 11-та со 13 поени.

Share
Scroll to Top